македонски

ПОЧИТУВАНИ ПОТРОШУВАЧИ,

 

Ви го честитаме купувањето на висококвалитетниот мебел Раух. Сите производи на Раух ја имаат ознаката „made in Germany“ и се изработуваат од висококвалитетни дрвни материјали во процеси кои ја штитат животната средина. Високиот квалитет на мебелот Раух е испитан и потврден од независни истражувачки институти. Ве молиме запазете го упатството за монтажа. Следете ги точно поединечните чекори во него. Внимателно отворете ги пакетите и проверете дали е комплетна нивната содржина. Ве молиме не уништувајте го и не фрлајте го пакувањето додека не се осигурате дека ги имате сите делови потребни за монтажата..

При отпакувањето внимавајте малите делови да останат вон дофат на деца бидејќи постои можност да ги проголтаат. Внимавајте пластичните фолии да бидат вон дофат на бебиња и деца за да се избегне опасноста од загушување.

МОНТАЖА НА ЅИД/ПРИЦВРСТУВАЊЕ:

Ако за Вашиот мебел е предвидено прицврстување на ѕид (в. упатство за монтажа), тогаш потребно е да ја проверите носивоста на ѕидот пред да почнете со монтажата. Ве молиме да внимавате на електрични кабли или водоводни цевки. Материјалот за прицврстување приложен во пакувањето е погоден исклучиво за ѕидна монтажа на масивни ѕидови. Кај ѕидови од друг вид мора да се примени соодветен материјал за прицврстување.

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОПТОВАРЛИВОСТА:

Максималното дозволено оптоварување на нашите полици, фиоки, закачалки итн. зависи од конкретните својства на користениот материјал (дрво/метал/итн.). На нашата интернет страна поставивме табела со податоци за оптоварувањето (на англиски) која можете да ја превземете и на која можете да го препознаете конкретното максимално дозволено оптоварување. Download

ЕЛЕКТРИЧНИ СОСТАВНИ ДЕЛОВИ:

Нашите добавувачи претходно ги тестираат сите составни електрични делови во врска со нивната намена и примена и со тоа одговараат на нормите во ЕУ (CE ознака/VDE ознака/итн.) Кога ќе менувате светилка, придржувајте се секогаш до наведената максимална вредност означена во вати. Не покривајте ја светилката и погрижете се да не дојде до акумулирање на топлината.

КРЕВЕТИ:

Монтажата на кревети мора да се врши на рамна подлога. Во спротивно, можно е да се наруши функцијата на креветот или да дојде и до појава на звуци на шкрипење. По штелувањето на креветот потпирните ногарки секогаш треба да се вратат во почетната положба без допирање на подот и потоа одново и стабилно да се позиционираат.

НЕГА:

Сува памучна крпа без влакненца е доволна за чистење на површините на мебелот. Исчистените површини секогаш тријте ги на суви!

ВАЖНИ НАПОМЕНИ

Вашиот мебел од Rauch наменет е за употреба исклучиво според дадените одредби во приватни станбени простори (градби затворени од сите страни со греење). Недостатоците настанати како резултат на несоодветно ракување ќе се одразат врз гаранцијата за производот:

1. Дефектен транспорт или несоодветно отпакување.
2. Погрешна или дефектна монтажа или демонтажа на деловите.
3. Несоодветни обиди за чистење или поправка.
4. Поставување на влажни или остри предмети на површините.
5. Екстремно ниска или висока влажност на воздухот.
6. Истрошеност поради прекумернa или несоодветна употреба.

Примери:

  • Абење поради претерана или нестручна употреба, (на пр. закачување на парчиња гардероба заврати, фиоки или рачки
  • Професионална употреба вон приватноста
  • Оштетувања кои што настанале при нестручен транспорт, испорака или монтажа/демонтажа
  • Оштетувања кои што настануваа поради остри предмети односно такви со остри рабови како напр. ножеви, кои евентуално се употребуваат за распакување на производот
  • нестручно опходување со влага односно со течности и несоодветни средства за чистење
  • Влијанија од околината како на пр. екстремна сувост/влажност на воздухот, светлина итемператури
  • Преоптоварување на подови или висечки регали/регали во мера поголема од дозволената горнаграница за тежинаs
  • Намерно уништување, нестручна употреба односно користење, употреба вон намената, преоптоварување и оштетувања при несреќи
  • Оштетувања поради валкање од домашни животни, извори на топлина, влијанија навременските услови
  • Оставање на влажни или остри предмети на површините
  • Оштетувања поради погрешно монтирање, несоодветно орудие, фурнитури или ѕидање
  • несоодветно чистење, несоодветни обиди за поправка или накнадна поправка
  • Создавање на мувла/набабрени оштетувања во новоградби на пр. поради преблиску до ѕидовитепоставени делови од мебелот
  • Делови кои што се абат, како што се сијалици, светлосни цевки и останати средства заосветлување (освен ЛЕД) како и трафо-станици и слични делови, електрични или електронскипредвклучувачи, електронски прекинувачи на допир, дури и ако се цврсто вградени, сеисклучени од гаранцијата односно од одобрувањето на гаранција

Ве молиме грижливо да ги сочувате упатството за монтажа и оваа информативна брошура.

Индустриски произведен мебел укажува на одредена толеранција како и во однос на преработката така и во однос на употребениот материјал. Тоа на пример се лесни отстапувања / разлики кај бои, структури, апликации, стакла итн., кои што се наоѓаат во рамките на националните и интернационално важечките норми. Овие особини типични за производите не претставуваат недостаток на предметите доколку не влијаат врз употребата, функцијата, користењето, безбедноста и рокот на траење.

Доколку при монтирање на мебелот сепак би имале причина за поплаки, Ве молиме да стапите во директен контакт со Вашата продавница за мебел.

 

Ви посакуваме многу радост со Вашиот нов мебел.
Ваш Rauch Möbelwerke GmbH